Заев има концесии и преговара за менување на идентитетот, а Никола Димитров не негира дека бил пред потпишување на штетен договор, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешната прес конференција.

Николоски појасни дека Никола Димитров јавно се фалел дека тој бил пречката поради која што Зоран Заев не потпишал договор со Бугарија, кој што ќе значи прифаќање на сите Бугарски позиции на штета на Македонија.

„За мене и едниот и другиот се исти но очигледно Димитров во битка за личен рејтинг сакал себеси да се прикаже како заштитник на македонските национални интереси, а Зоран Заев да го прикаже како предавник.Поминаа два дена, немаме директен демант ниту од Зоран Заев ниту од Никола Димитров за оваа работа, нема да навлегувам во нивните лични односи, но самото ова покажува дека имаме еден огромен скандал односно дека Зоран Заев бил спремен да потпише поништување на самобитноста на македонскиот народ, да потпише бришење на македонската историја, самобитноста на македонскиот јазик, и дека единствената причина поради која тоа не го направи е притисокот од јавноста и народот кој што излезе на улиците по македонските градови и села и кој што се спротистави на оваа работа„ кажа Николоски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето обраќање истакна дека Зоран Заев преземал концесии кон Борисов и ги наброја истите.

– Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски јавно посведочи дека премиерот Бојко Борисов му кажал дека Заев има ветувано работи со цел да ја добие нивната поддршка. Јас јавно прашав дали тие работи и концесии се купување на една национална телевизија, купување на една банка, државни акции во еден телекомуникациски оператор како и оптички кабел во една голема државна компанија, преку кој што може да се врши проток на интернет проток на телефонски сигнал но исто така и други субверзивни активности и конечно еден рудник, а тоа гледаме дека е рудникот Иловица кој што магично откако се смени сопственикот и доминантниот сопственикот од Канадска компанија станаа Бугарски олигарси. Наеднаш еве почнува да добива дозвола за работа најавувам дека во следниот период ќе објавиме конкретни работи и документи за овие работи“ нагласи Николоски.

Николоски додаде и дека сите овие работи докажуваат дека Зоран Заев е спремен за нова национална катастрофа и уривање на сите позиции кои што македонската држава и македонскиот народ макотрпно ги граделе во децениите наназад. Николоски исто така и кажа дека сето ова покажува дека се спремни да тргуваат со се, и причина плус, мотив плус наскоро да заминат и да поднесат оставка.