-Јас многу често зборував и за Прилеп и за Куманово. Во Прилеп имате ноќеска 4 смртни случаи, секој ден има луѓе кои што умираат таму, секој ден има нови заболени. За тест да направите  во Прилеп не е дозволено да се прават повеќе од 10 дневно значи не смеат да се земат повеќе од 10 брисеви дневно. За резултат се чека помеѓу 5 и 7 дена, во тие 5 до 7 дена можат да се развијат симптоми, може да се влоши ситуацијата, а за жал може да се изгуби и животот. Зошто не отишол Венко Филипче кој секој ден држи пресови во Прилеп да се види со луѓето , да поразговара со нив и тие да  му кажат што мислат за пресовите. Во Прилеп бурата е дојдена и за жал сега целиот град е под опасност ова го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување.

Николоски во своеото гостување зборуваше и за ситуацијата во Куамново каде го посочи следново:

-Слична е ситуацијата и во Куманово. Куманово отиде во лакрдија дури јгледаме сите се лажирале резулати за градоначалникот затоа што таму посoi битка помеѓу Оливер Спасовски и Максим ДИмитриевски, двајцата се од Камуново и се борат кој да е локален шериф и во таа битка толку брутално отидо што биле лажирани тесtови за градоначалникот на Куманово дека наводоно е позитивен, а човекот не е позитивен. Кога се спремни да лажираат да лажираат тетсови ти се спремни на се.

Имено потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Николоски истакна дека пред некој ден Филипче посочил дека се правата по 700-800 тетсови, а вчера беше пбјавено дека се направени 200 тетови и со тоа нормално дека што помалку тестови се прават бројката на заразени ќе биде помала.

Во врска со тестирањето Николски го додаде сленово:

-Во Прилеп ние предлагавме  да се тетсираат преку 10 000 луѓе , во Куманово исто така предлагавме да се тетстираат преку 10 000 луѓе, но нема тестови и тоа е основниот проблем  што не се тестира. Вториот проблем  кој е полош од првиот проблем  е што резултатите стигаат многу доцна. Имаше случај каде се чекаше 5 до 7 дена  и имавме такви неколку случаи обелоденети во битолксата клиничка болница која е регионална болница целиот регион вклучувајки го и  Прилеп .