Класична мафија владее во Македонија и тоа е тажната вистина. Некако им оди тука добро муабетот со овие од ДУИ, очигледно реализираат работи кои претходно во соработка со ВМРО-ДПМНЕ можеле да ги сонуваат и така се вклопија како природни партнери, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Таргет“ на Алмакос.

Николоски истакна дека како пример за мафијашките бизнис шеми помеѓу СДСМ и ДУИ е и донесувањето да ДУП од 200 милиони евра во Тетово за фирма од Панама која е во сопственост на контраверзниот бизнисмен.

Овој е еден од тие примери за соработката на ДУИ и СДСМ и тие добри вклопувања во овие мафијашки бизнис шеми. На само еден ден после формирањето на Владата, Владата беше формирана на 30-ти август а на 31-август Советот на општина Тетово каде што мнозинство имаат СДСМ и ДУИ а градоначалник е Теута Арифи од ДУИ, усвои ДУП кој што има два спорни моменти, рече Николоски.

Првиот спорен момент според Николоски е тоа што наместо да се ревитализира таа зона со цел да им се помогне на 600-те стечајци ШИК Јелак кои немаат ни пензиско ни здравствено осигурување, коалицијата СДСМ-ДУИ решава да направи бизнис за тој кој што го купил овој објект.

– Првиот спорен момент е содржината на истиот, имено на просторот на поранешен ШИК Јелак се формира цела нова населба, значи наместо да се ревитализира ШИК Јелак и некаде околу 600 луѓе кои се останати стечајци од таму и се уште ги немаат добиено заостанатите плати и и здравствено и пензиско осигурување, наместо да се вратат на работа општина Тетово и коалицијата СДСМ-ДУИ решава да направи бизнис за тој кој што го купил овој објект. Бизнисот има некаде, маргина на профитот околу 200 милиони евра што е назамисливо не само за македонски туку и регионални балкански услови. Со истиот се предвидува некаде одолу 140 илјади метри квадратни стамбена површина а тоа е некаде осум илјади жители најмалце, најголем трговски центар во целиот регион, поголем и од Сити Мол и тоа е едниот спорен момент.

Како друг спорен момент во целата ситуација Николоски го наведе бекграундот на бизнисменот кој што таму инвестира и интересите на круговите кои ги застапува, а се косат со интеграцијата на регионот во НАТО и ЕУ.

-Вториот спорен момент е тоа  за кого е овој бизнис. Овој бизнис е за најконтраверзниот бизнисмен на Балканот, Миодраг Дака Давидовиќ, човек кој што е јасен експонент на антизападните политики на Балканот, човек кој што е најдобар соработник на екстремните кругови на Српската Православна Црква, ако сакате сега и на погребот на владиката Амфилохије беше еден од клучните луѓе таму, можеше да го види целокупната јавност. Човек кој во Црна гора Србија, Босна и Херцеговина и Македонија води политики кои што се спротивни на интеграцијата на овој регион во НАТО и во ЕУ. На таков човек кој што НАТО и ЕУ не го вадат од устата, Зоран Заев и Али Ахмети му даваат бизнис со 200 милиони евра, кој што 200 милиони евра профит може после тоа да ги користи за активности против НАТО и ЕУ затоа што тој е таков бизнисмен. Тој не е бизнисмен кој што Ајфон измислил или има некоја иновација па направил многу пари во животот. Тој е бизнисмен на екстремните кругови на кој секогаш му се помага да прави бизнис за после тие пари да може да ги вложува во екстремизам во регионот, а сега Зоран Заев и Али Ахмети му дадоа таков бизнис, заврши Николоски.