Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој од неодамна е и генерален секретар на СДСМ, на новинарско прашање одговори дека постулат на нивната изборна програма е идејата за пропрционален изборен модел со отворени листи, но потенцира дека за промена на изборниот модел е потребен консензус од сите политички партии.

„Подготвени сме за повторно отворање на ова прашање и за дискусија. Принципот на една изборна единица ќе значи уште поголема демократија“, изјави Николовски.

Тој додаде дека нивна желба е и граѓаните да бидат вклучени во носењето на одлуките.

Претходно денеска поддршка на иницијативaтa за реформа на изборниот модел стигна и од претседателот, Стево Пендаровски.

 

извор: Makfax