Претседателот на Србија Томислав Николиќ од неодамна го носи црниот појас и и титулата џудо мајстор, која му ја додели Федерацијата за џудо на Босна и Херцеговина, пишува српскиот весник “Б92”. Црниот појас на претседателот му го врачил Миодраг Мрдиќ, претседател на Босанската федерацијата за џудо, по предлогот на Српската федерација за џудо. Мрдиќ прилика на доделување на црниот појас ја искористил да му порача на Николиќ дека сега полесно ќе може да разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин, бидејќи отсега нема само тој црн појас. Како што пишува весникот, претседателот на шала рекол дека би сакал да го стаса Путин во мајсторските денови.