Заменик-претседателот на Српската радикална партија ( СРП ), Томислав Николиќ, изјави дека СРП ќе ги повика сите партии, кои се за опстанок за државната заедница, да не го прифатат референдумот за самостоен државен статус на Црна Гора. “Некој да добие самостојна држава, потребно е за тоа да гласаат 50 отсто плус еден од вкупниот број избирачи“, нагласи Николиќ. “Ако Европската унија наметне некој друг критериум”, тогаш, според Николиќ, “и српскиот народ во Црна Гора може да почне да прави своја држава по општините и тоа би можело да оди до недоглед”. Николиќ, кој во отсуство на лидерот Воислав Шешељ ја води Партијата, најави дека “овие денови” СРП ќе има состаноци со политичките партии во Црна Гора. (Макфакс)