x

Никола Серафимов пред потпис со Академија Пандев

Македонскиот младински репрезентативец и досегашен член на тимот на Јихлава, Никола Серафимов е пред потпис со тимот на Академија Пандев.

Спортмедиа дознава дека младиот стопер решава да се врати во Македонија по кратката авантура во странство пред се поради минутажата и да биде што поблиску до очите на селекторот Благоја Милевски.

Серафимов како што дознаваме има опција да се пресели и во соседна Србија во екипите на Јавор или пак Нови Пазар, но очигледно дека предност дава на домашниот шампионат.

Тој како што е добро познато блесна во тимот на Вардар, играше стандардно заедно со Евгениј Новак во стоперски тандем но потоа изненадно се одлучи да замине за Јихлава.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата