Никола Димитров, син на еден од најрадикалните функционери во ВМРО ДПМНЕ и поранешен минисетер за култура (1998-99) на таа партија Димитар Димитров својата кариера ја гради како да е паднат од небо, со остри критики на полотиката на ВМО ДПМНЕ во минатото како причина што денес Македонија не е во НАТО и ЕУ иако, и семејно и политички тој е вграден во таа политика на партијата која ја напаѓа и врз кои напади го гради својот пат во конкурентската партија СДСМ.

Никола Димитров не е само дел од политиката на ВМРО ДПМНЕ, тој е и нејзин воздигнувач. Кога требаше пред членството да се собираат вмровски поени за да се гради кариера во таа негова фаза го гушкаше Јохан Тарчуловски и го поддржуваше како да му е најаблизок пријател. Народ можеби и подзаборава, но сликата останува. Кого ќе гушка утре Димитров ако тоа му затреба за неговата кариера? Христијан Мицковски, без проблем, ако пресмета дека тоа му носи корист.