Го користеле старите Римјани и Елини 

Лековите се сите делови на целерот, без разлика дали го користеме коренот или зелениот надземен дел односно листовите.

Спрема старите записи го користеле Римјаните и Елините, а го опишуваат и препорачуваат како многу лековита билка. Најдена е во гробниците на фараоните а го опеал и Хомер во Илијада.

Лековито дејство на сок од свеж корен како и од стеблото и листот се користат во лекење на болести на нерви и психа, особено ако болеста настанала како последица на стрес.

Целерот има добро дејство кај бубрежни заболувања, на јетра, особено на масна јетра, одличен е за подобрување на циркукација како и болест на жолчка. Се користи за лечење на кожни болести, астма, потешкотии во мокрење, зголемен крвен притисок, очни болести и болести на грло и црева.

Ја регулира менструацијата, помага во диетите, особено кај порементување на метаболизмот.

Но…, она што најмногу интригира се неговите афодизијачки својства.

Кај народото постојат бројни анегдоти: “Кога жената би знаела што значи целерот за мажите, би одела низ цел свет да го бара“, или “Кога мажите би знаеле за делувањето, би засадиле цела бавча со целер“ Афродизијачкото делување на целерот се користи кај сите проблеми поврзани со половата моќ кај мажите, особено ако се предизвикани од страв на сексуален однос.

Поради тоа се препорачува употреба на целер во салати, супи, во готвење, сокови и во чај.