x

НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ ЗАБОРАВЕН: Коби денеска требаше да го прослави 42. роденден

-e1598166767141

Името на Коби Брајант со златни букви ќе остане запишано во историјата на НБА-лигата. Животот на легендарниот кошаркар згасна препрано, тој заедно со својата ќерка Џиџи погинаа во хеликоптерска несреќа.

Светот и натаму е во шок по големата трагедија, а името на Брајант никогаш нема да биде заборавено, неговото семејство, фанови, соиграчи, пријатели…секојдневно се потсетуваат на големите дела кои ги направи, тој беше пример за вистински спортист и професионалец.

Доколку не се случеше несреќата Коби денеска ќе наполнеше 42 години – НИКОГАШ ЗАБОРАВЕН, се само дел од пораките кои можат да се прочитаат денеска низ социјалните мрежи.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата