Американската амбасадорка при Обединетите Нации, Ники Хејли ја предупреди Русија дека запленувањето на трите воени брода претставува срамно нарушување на суверенитетот на украинската територија и дека се работи за арогантен чин што меѓународната заедница мора да го осуди.

Изјавата на Хејли уследи за време на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН, поради инцидентот во керчската теснина помеѓу Црното и Азовското Море, пренесе „Ројтерс“.

Руските сили вчера запленија три украински воени брода, наведувајќи дека нелегално навлегле во руските територијални води. Киев тврди дека нивните бродови не направиле ништо лошо и ја обвинува Москва за воена агресија.

извор: Makfax