Пејачката Ники Минаж се пофалила дека си удоволила добар одмор иако не сакала да ја открие локацијата. Фотките и необичните позирања ги објавила на Твитер. Со минијатурен костим за капење таа позирала пред фотообјективот и тоа со задникот во преден план.
Ники е новата членка на жирито на Американскиот идол, а, се чини, дека пред напорниот период добро ќе и дојде луксузниот одмор. Покрај тоа пејачката работи и на книгата во која ќе открие пикантерии од својот живот – од детството во Њујорк се до уживањето во славата.