Еден од најдобрите скискокач и во историјата на овој спорт, 41-годишниот Финец Мати Никекен е осуден на две години и два месеца затвор поради обид за убиство, јавуваат агенциите. Никенен е приведен в затвор во август годинава кога во местото Нокио, околу 180 км северно од Хелсинки, предизвикал тепачка, а потоа со нож повредил еден 59-годишник. Судијата нападот со нож го оцени како обид за убиство. Никенен, кој во времето додека се натпреваруваше го доби прекарот “летечки Финец”, освои златен и сребрен медал на Олимписките игри 1984 г. во Сараево, а четири години подоцна во канадскиот Калгари дури три златни медали. Кариерата ја заврши пред 10 години, а оттогаш повеќепати завршуваше во притвор поради тепачки и пијанство.