Нивес Целзиус-ќе се венчам во црна венчаница
Нивес Целзиус, заводничка и расна бринета која кариерата ја започна како четиригодишно девојче која се појави во рекламата за Бамби стигна до насловната страница на машкиот магазин “Плејбој” и стана зајчица, сними соло албуми, а наскоро ќе се појави и како водителка. Таа е во врска со Дин, фудбалер на Динамо, мажите и понатаму ја бркаат, ама на нивна жалост Нивес ќе заплови во брачните води, а судбоносното “Да” ќе го каже во Лас Вегас -Дино ме запроси во еден бар. Седевме опуштено, а во еден момент забележав дека почнува да се препотува и тогаш ми рече дека не може повеќе да издржи и на малку смотан начин ме запроси. Одлучивме да се венчаме во Лас Вегас бидејќи не сакам тоа да биде нешто спектакуларно. Ќе биде брза и едноставна венчавка. Венчаницата ќе биде црна, многу ми се допадна една, а ја дизајнираше еден американски дизајнер-вели Нивес.