Поранешниот вработен во американската Агенција за национална безбедност, Едвард Сноуден поднесе барање за продолжување на дозволата за престој во Русија за уште три години, изјави адвокатот на Американецот, Анатолиј Кучерена за агенцијата ТАСС

Претходно, Кучерена изјави дека дозволата за престој на Сноуден истекла на 30 април оваа година, но дека е автоматски продолжена поради ситуацијата со пандемијата на коронавирус до 15 јуни 2020 година.

Сноуден е легален граѓанин и тој живее во Русија. Кога беа воведени ограничувањата, тој беше дома, како и сите други, во самоизолација. Веднаш штом ќе заврши постапката за самоизолација, јас и Едвард доставивме документи за продолжување на дозволата за престој, рече Кучерена.

Тој очекува позитивна одлука по разгледување на апликацијата