x

Не Фирмино, туку Салах е најдобар на Светското клупско, „среброто“ за Енрике

Роберто Фирмино ги постигна одлучувачките голови на Ливерпул на Светското клупско првенство но не се најде меѓу првите тројца за наградата МВП на турнирот. Бразилецот го даде голот за победа над Монтереј во последните минути од полуфиналето, а го реши и финалето. Но наградата најдобар играч му припадна на неговиот партнер во нападот Мохамед Салах. Египѓанецот имаше само една асистенција на турнирот и тоа претставува изненадување за многумина.

Сребрениот пехар му припадна на напаѓачот на Фламенго Бруно Енрике, додека сребрениот на Карлос Едуардо од Ал Хилал инаку третопласираниот тим на турнирот откако во малото финале го победи Монтереј на пенали.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата