1. Не сте со вистинскиот моментално

Првата причина зошто треба да бидете со погрешниот е тоа што ви треба вежбање. Полесно е да вежбате да бидете свои и да ги поправате вашите грешки во љубовта со некој кој не е совршен, отколку да чекате да се појави некој кој е идеален за вас.

2. Секогаш се гледаме со погрешните луѓе додека не ја научиме лекцијата

Не ја потценувајте моќта на врската со погрешниот човек. Секоја личност што ќе се појави во нашиот живот може да нѐ научи нешто. Секое скршено срце претставува основа за да се изгради нова, поголема љубов. 

3. Погрешниот човек може да се претвори во вистинскиот

Човечки е да се пребира и да се забележуваат туѓите недостатоци. На тој начин се чувствуваме сигурни и ја одбегнуваме можноста да покажеме ранливост. Иронијата во врската со погрешниот човек е што понекогаш тој се претвора во вистинскиот со текот на времето. Вистинскиот партнер треба да поседува еден клучен елемент: Карактер.

Ниту еден човек што ќе го сретнете не постои гаранција дека ќе биде вистинскиот. Немојте да го барате вистинскиот партнер. Тоа што треба да го барате во моментов е човек кој се држи до зборот и плановите што ги направил со вас.