Бугарскиот новинар, Љубомир Огњанов, својата емисија на бугарската телевизија Канал 3, даде скандалозна изјава, кога среде интервју со заменик министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, рече дека сака да ја нарекува Македонија – „Југозападна Бугарија“.

Заменик министерот за надворешни работи Георг Георгиев беше гостин во емисијата „Офанзива“„ и рече дека Бугарија нема да отстапи пред Македонија во спорот за историската вистина за револуционерот Гоце Делчев.

Зборуваме за историска личност која е со неспорно потекло и како што Бугарија постојано подвлекува, со потполно неспорна припадност кон бугарскиот народ. Тоа што во одредено време се правеа некои интерпретации, не значи дека ние ќе отстапиме од своите интереси и своите позиции за кои многу пати зборуваа министерката за надворешни работи Захариева и премиерот Борисов. Тоа истото ќе го каже Ви го каже секој Бугарин – изјави замени министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев.

Исто така, бугарскиот новинар, Љубомир Огњанов, во својата емисија даде скандалозна изјава, кога среде интервју рече дека сака да ја нарекува Македонија – „Југозападна Бугарија“.

-Ќе бидете предмет на критика поради тоа – рече Георгиев.

-Не ме интересира како ќе звучи, јас претпочитам да ја наречам земјата „Југозападна Бугарија“ – рече новинарот.