На 11. јуни, репрезентациите на Русија и Англија, ќе го одиграат меѓусебниот дуел на Европското првенство во Франција.

Англиските медиуми открија дека најпознатите хилигани од Русија, веќе испратиле јасна порака до своите “колеги” од Англија дека црно им се пишува доколку решат во живо да го следат овој дуел.

Ние сме силни мажи, повеќето од армијата и полицијата. Не сме нежни како Англичаните кои носат Лакоста маички и женски обувки. Навивачите од сите руски клубови ќе се обединат за овој настан. Напорно тренираме низ шумите и се подготвуваме за тепачки. Англичаните ако се појават ќе ги згазиме, немаат шанси против нас. И ние ги сакаме пивото и девојките како нив, но тие не се силни како нас, ги пренесува „Сан” зборовите на еден руски хулиган.