Граѓаните би прифатиле ново пролонгирање на плаќањето на ратите од кредитите и картичките, но само ако останат актуелните каматни стапки. Сепак, засега нема ништо ново за оваа тема и останува рокот до крајот на септември, до кога течат само камати, а не се отплаќа главницата.

Мерката завршува во октомври, а до тогаш ќе се следи состојбата која ја донесе пандемијата. Над 70 проценти од граѓаните ја избраа опцијата за одложено плаќање.

Регулаторните измени со коишто се овозможи олеснување на финансискиот товар на засегнатите кредитокорисници, за банките и штедилниците важат до крајот на септември, но ако биде потребно, ќе се разгледа можноста нивната важност да биде продолжена, рекоа претходно од Народна банка.