x

Не сакале намалени плати, па добиле отказ

Со оглед на тоа што се случува во светот со „Ковид-19“, се чини дека следува „епидемија“ од откази, намалени плати, жалби, тужби меѓу играчите и клубовите во светот на фудбалот. Па така во Швајцарија, во една од најбогатите земји во светот, газдата на Сион избркал осумина свои фудбалери, или речиси целиот прв тим. Меѓу нив и Пајтим Касами, кој е потекнува од Македонија.

Првиот човек на клубот Кристијан Константин,прво сакал да им ги намали платите на 12.350 франци месечно. Но откако тие не се сложиле, им врачил отказ и ги избркал од клубот. Покрај Касами, меѓу тие осумина се и Алекс Сонг, Ермир Лењани, Мајкл Факинети…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата