Една од најголемите балкански ѕвезди Здравко Чолиќ и Лепосава Стефановиќ, позната како Локица биле долги години големи пријатели.

Локица седумдесетите и осумдесетите години заедно со група “Локици настапувала со Чолиќ, за кого повеќепати истакнала дека го гледала како роден брат.

Сепак, само една нејзина реченица била доволна да прекине долгогодишната соработка и пријателство. Имено, Чола смртно се навредил кога Локица рекла дека не е талентиран за игра. Кога се вратил од војска 1978, престанал да разговара со неа, а таа во повеќе наврати истакнала дека и е жал поради тоа.

“После таа изјава престана нашето пријателство. Морав тоа да го кажам бидејќи Рица бараше. Жал ми е. Никогаш не зборувам лоши работи за луѓето. Објаснив само дека тој нема талент за игра, но со вежбање постигнавме резултат. Научи да игра. Би сакала да се смириме поради неговите ќерки и женаму. Имам и јас сега внука. Можеби тоа беше некоја суета“, рекла Локица своевремено.