Попладнево Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана Родиќ се заколнаа на вечна љубов во светиот храм Свети Сава.

По ова парот се венчаше и пред матичар, а потоа ги пречекаа и сите гости во луксузниот ресторан во Белград.

Веднаш по венчавката во Хајат, Цеца излезе и пред новинарите ги објасни обичаите кои се испочитувани на свадбата.

Пејачката призна дека некои обичаи ги измешале некои затоа што нивниот кум е грк.

– Имавме мешани обичаи затоа што нашиот кум потекнува од Кипар и дојде целото негово семејство. Таму е обичај кумот да го облекува, бричи, да му стави парфем и тоа беше навистина слатко за мене, зошто да не се мешаат обичаите – рече Цеца и додаде дека не се расплакала на свадбата, за разлика од Анастасија:

– Анастасија цело време плачеше, не плачев, само бев среќна и весела, ме носеа различни емоции.

Она што особено ја импресионираше Цеца беа луѓето кои се појавија на свадбата во храмот Свети Сава за да и посакаат среќа на семејството.

– Тоа е прекрасно, сите луѓе само се радуваат на нашата среќа, радост, славење и прекрасно е и дај Боже да ни се случуваат сите убави работи – рече Цеца, и призна дека се разднежнила кога ја видела Богдана во нејзината венчаница:

– Многу бев разнежнета, ја имав видено претходно во венчаница, и се чувствувам одлично, еден збор е доволен за да опише сè – заклучи пејачката.