Ребалансот на цените во фиксната телефонија што се воведе од 1 јули годинава е направен на обмислен начин и по многу разговори со македонските надлежни органи. Земена е предвид осетливоста на граѓаните и нивната куповна моќ, пазарот, опкружувањето, традицијата и други фактори. Знаеме дека тој процес е болен за корисниците, но мора да се спроведе, затоа што цените треба да бидат во согласност со трошоците и во линија со можностите на населението и на компанијата. Вака, им се обрати на македонските новинари во Будимпе- шта, Елек Штрауб, главниот извршен директор на унгарски “Матав” инаку доминантен сопственик на АД “Македонски телекомуникации”. Според него, не може да се очекува сите да бидат среќни од промените на цените. Треба да се направи тоа да биде прифатливо за поголемиот процент од нив, вели Штрауб. – Знаеме дека ќе се јават реакции, но изнајдовме начин со тарифните пакети прилагодени на потребите на корисниците да им овозмож име повеќе бенифити. Просекот на телефонските сметки пока- жува дека цените се стабилни – некои корисници се погодени, а некои имаат поволности. На пример, во Македонија месеч ната претплата е најниска во однос на европските стандарди и за резиденцијалните корисници (граѓаните) изнесува 5,8 евра, наспроти 10,2 евра во Унгарија. Истовремено, со избор на некој од пакетите, корисникот има можност зголемениот износ на месеч- ната претплата да го надомести со повеќе разговори”, објаснува Штрауб. Првиот човек на “Матав” негира дека со примената на новиот модел на тарифирање е направена повреда на договорот за концесија. Тој вели дека со воведувањето на новиот пресметковен систем – билинг, што бил предвиден уште во текот на приватизацијата на Мактелеком, е направена промената па место импулсното, сега се врши секундно тарифирање, што е добро и за пазарот и за граѓаните. Билинг базиран на време ќе примени и конкуренцијата, нагласи Штрауб, кога од наредната година ќе се либерализира пазарот на фиксната телефонија, при што цените ќе се менуваат во согласност со конкуренцијата. Од друга страна, во Интернет услугите и мобилната телефонија, конкуренцијата е присутна, а тоа резултираш е профитабилноста на Мактелеком во првите шест месеци од годинава да се намали за три отсто, главно, поради работењето на вториот мобилен оператор. По либерализација на пазарот во Македонија, менаџерите на “Матав” очекуваат повеќе локални оператори што би се фокусирале на бизнис-корисниците, но не очекуваат инвестиции за давање услуги за локални и меѓумесни разговори, каде што цените сметаат дека се пониски од реалните. Тие посочуваат дека Владата и Парламентот треба да ја финализираат потребната законска регулатива за која се надеваат дека ќе биде во согласност со нивните очекувања. Во однос на пролонгирањето на донесувањето на новиот закон за телекомуникации, Штрауб вели дека во бизнисот неколкумесеч но доцнење нема некое значење, но очекува тотално променето опкруж ување во средината на 2006 година.