x

Не, не сонуваме, Гранде Пандев тресе а Македонија на ЕП!!!

gruzija-makedonija-radost

Луѓее радувајте се. Македонија е на ЕП. Историја, Македонија го оствари сонот. Радувај се Македонија. Гранде Пандев стрела за 1:0 и победуваме и ние сме во Европа. Победа над Грузија за пласман на ЕП….

Ова е фудбалска Македонија.

Бравооооо МАКЕДОНЦИ…

НИЕ СМЕ СИЛА, НИЕ СМЕ ФУДБАЛСКА СИЛA.

УШТЕ ЕДНАШ БРАВО…

 

УФ, ШАНСА НА ПАНДЕВ, ЛОРИА БРАНИ

Мечот започна со мала теренска инцијатива на домашните, кои еуфорично тргнаа во напад. Сепак нашата одбрана во најголем дел од тој период беше стамена, сигурна, со мали излети. Македонија чекаше на контра, но таа ретко кога доаѓаше, а Окриашвили во два наврти шутираше, еднаш доста опасно, но за наша среќа и непрецизно. Во 35. минута сушер шанса за нашите. Алиоски центрираше а Пандев со глава упати добар удар, но Лориа со парада скротува.

Нема што, тврд натпревар, многу тактички варијанти во “игра“, се со цел по никоја цена да не се загуби. Но на овој меч мора да има победник. Со тие 0:0 се замина на пауза.

ЕЛ ГРАНДЕ И ГОООООООЛ….

Калчо акција на македонците. Елмас, па Несторовски а потоа Пандев прекрасно ја упатува топката во мрежата за водсто од 1:0. Македонија ВОДИИИИИИИ. Браво момци. Браво ГРАНДЕ. Ова е неговиот 36 гол во 114 меч за Македонија.

Одиме натаму момци, уште ништо не е готово. Играме добро во второто полувреме, играме сигурно, само да издржиме.

Следува мало затворање, но не до крај. Грузијците почнува да ги фаќа нервоза.

Елиф Елмас, за малку, за милиметри. Шут од 20 метри и среќа за Грузија. Домашните безглаво напаѓаат, а од контра Несторовски имаше добра шанса, но сепак ништо. Штета, можевме до 2:0. И Елмас во шанса, но нема пак гол.

Македонија добро се брани, умешно. Оди во финишот на мечот, само да издржиме. Правиме две принудни измени, место Адеми и Николов влегуваат Спировски и Костадинов. И двајцата се свежи, одморни, подготвени да изгинат на теренот на “Динамо Арената“ во Тбилиси.

Македонија ја има контролата врз играта, знаеме како треба во овие последни минути.

ФИНАЛЕ ЗА ПЛАСМАН НА ЕВРО

ГРУЗИЈА – МАКЕДОНИЈА 0:1 (0:0)

Динамо Арена“ во Тбилиси. Гледачи:/. Судија: Ентони Тејлор (Англија). Стрелци: Пандев 56. (МАК). Ж. Картони: Кашиа, Окриашвили (ГРУ), Николов, Несторовски (МАК).

Играч на натпреварот: Горан Пандев (МАК).

ГРУЗИЈА: Лорија, Какабадзе, Квирквелиа, Кашиа (88. Џигаури), Двали, Канкава, Квеквескири, Казиашвили, Гвилиа (81. Папунашвили), Окриашвили, Качарава (81. Лобжанидзе).

Селектор: Владимир Вајс.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Бејтулаи, Муслиу, Велковски, Николов (83. Костадинов), Адеми (67. Спировски), Ристовски (88. Зајков), Алиоски, Елмас, Пандев, Несторовски (88. Тричковски).

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата