x

Не може без допинг-скандал: Приведени две лица учесници на „Тур де Франс“

tour-de-france2

Француското обвинителство започна истрага поради наводно користење допинг за време на годинешното издание на „Тур де Франс“. Под истрага е тимот на Аркеа-Самсик, а две лица веќе се приведени.

Обвинителството во Марсеј во понеделникот објави дека е покрената истрага против мал дел од тимот што го предводеше Наиро Квинтана на најголемата трка во светот. Според обвинителот Доминик Лоренс, истрагата била покрената откако биле пронајдени бројни суплементи, вклучително и допинг, и било утврдено дека бил користен метод што може да се карактеризира како допинг. Исто така, се наведува дека сè се сведува на употреба и препишување на супстанции без медицинска причина, метод што е забранет на спортски натпревари и поттикнува употреба на забранети супстанци или методи.

Менаџерот на тимот Емануел Ибер потврди дека минатата недела е извршена рација во хотелот каде што бил сместен тимот по 17-та етапа. По тој повод, Ибер истакна дека цел на рацијата биле мал број возачи, како и луѓе од нивната околина, кои не се вработени во тимот, и потенцира дека тоа нема директна врска со тимот.

„Јасно е дека ги поддржуваме нашите возачи, но ако истрагата потврди употреба на допинг, тимот веднаш ќе се огради од ваквите дела “, истакна Ибер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата