Фолк-пејачката Тања Савиќ последните денови беше во центарот на вниманието на јавноста поради јавните препукувања со нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ и неговата мајка.

Таа тврди дека нејзиниот сопруг намерно ја разделил од децата и дека таа ќе стори се за да ги врати, но нејзините соседи од селото Радинац откриваат како таа се однесувала во изминатите неколку дена.

Тања воопшто не ни е јасна. Ние ја познаваме уште од мали. Таа секогаш беше пријатна, добра, нормална, но не разбираме што прави сега. На почеток кукаше, плачеше и бараше помош на телевизија, што е сосема нормално затоа што ги изгуби  децата. Потоа се вмеша и државата да и помогне, а таа реши да ги исклучи државните органи од целиот процес и да ангажира адвокат да ја води битката. Па, како сега? , Изјавил еден сосед за списанието „Свет“.