x

НЕ МОЖЕМЕ БЕЗ ЛАЗАРОВ: Македонија загуби од Словенија во претпоследната проверка пред ЕП

Фото: ekipa24.si

Нашата најдобра машка ракометна репрезентацијата претрпе пораз од Словенија 33:28 (19:12) во претпоследната проверка на силата пред настапот на Европското првенство во Виена.

Селекторот Данило Брестовац се одлучи одново помладите ракометари да добијат поголема минутажа, па така капитенот Кирил Лазаров целиот меч го мина на клупата. Мартин Велковски ја доби улогата на стартер заедно со Талески и Кузмановски, додека од искусните Стоилов, Манасков и Георгиевски беа во игра, како и Ристовски на голот.

of Slovenia during friendly handball match between Slovenia and Northern Macedonia in Slovenj Gradec on Janaury 3, 2019

Но, со исклучок на воведните 15-тина минути кога се држевме резултатски 7:6, во продолжението константно бркавме негатива. Имавме многу проблеми и во двата правци, недостасуваше стабилност и цврстина во одбраната, голманите немаа свој ден, додека во офанзивата имавме многу избрзани шутеви, проблеми со организацијата, како и технички грешки кои ни правеа дополителни проблеми.

Брестовац ротираше, па ги видовме во акција и Танкоски, Серафимов…, но тоа не носеше промена во резултатот. На полувремето заминавме со седум негатива, 19:12.

Во продолжението Словенија ја држеше предноста од осум до девет гола, 24:16, но во средината на полувремето Македонија ја „стегна“ играта и со серија од 5-1 намали на 27:22.

И кога се мислеше дека ќе фатиме приклучок, повторно технички грешки, проблеми со одбраната, дури ниту промената на голманот, Мартин Томовски доби шанса на местото на Борко Ристовски, не ни помогна многу.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата