Бразилскиот интернационалец од редовите на Наполи, Жоргињо, не може да се соочи со суровата реалност дека неговиот тим освои само еден бод во дерби пресметката против екипата на Милан.

По натпреварот искусниот играч за врска изјави дека Наполи доминирал во поголемиот дел од натпреварот и додаде дека не му е јасно како пресметката на “Сан Паоло”, завршила без победник.

Го масакриравме Милан, и тие не успеаја да направат ниту една сериозна шанса. Постојано имавме доминација на теренот, и не можам да поверувам дека не успеавме да победиме. Мислам дека имаше прекршок врз Хисај при постигнувањето на нивниот гол, изјави Жоргињо.