Симптомите на корона вирусот и понатаму предизвикуваат голема збунетост и паника затоа што се премногу општи за да ве уверат дека навистина имате SARS-CoV-2. Меѓутоа, се повеќе внимание се посветува на кашлицаѕа која може да биде специфична и да укажува на ковид. 

Кашлицата која е еден од главните симптоми ја илустира оваа нејаснотија, па британските стручњаци од Националната здравствена служба имале потреба да појаснат како таа изгледа во случај на ковид.

Според последните истражувања сувата кашлица е еден од најчестите симптоми кој се појавува кај отприлика 60 отсто од случаите. Таа кашлица се опишува како „иритантна“ која не создава никаков слуз. 

Спротивно на тоа, продорната кашлица создава гнос кој помага во чистењето на дишните патишта, па тој често како таков не е симптом на ковид. Од друга страна, сувата кашлица без слуз која е континиирана може да биде главен знак на предупредување. 

Двруги вообичаени симптоми се:

  • кратко здив или отежнато дишење
  • треска
  • болка во мускулите
  • главоболка
  • болка во грлото
  • губење на сетилата за мирис и вкус
  • умор

Затоа ако покрај треската почувствувате ваква кашлица би требало веднаш да побарате лекарска помош.