x

Не им иде памет: Шпанци организирале меч на позитивни и негативни од Ковид-19!?

Полицијата во регионот Навара во Шпанија започна истрага против лица осомничени за организирање фудбалски натпревар меѓу позитивни и негативни случаи на „Ковид-19“.

Коронавирусот го запре целиот свет, а поради него нема навивачи на трибините и многу лиги решија да прогласат предвремен крај на првенствата. Сепак, иако сè се враќа полека во нормала, тешко е да се верува дека некој успеал да реализира ваква ненормална идеја.

Полицијата открила дека овој натпревар се случил, а истрагата е во тек. Организаторите несомнено ги чека тешка казна, дури и со неколку години затвор, поради предизвикување сеопшта опасност.

Шпанија беше сериозно погодена од пандемијата, а повеќе од 28.000 луѓе ги загубија животите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата