-Прво сака да се заблагодарам на сите што веруваа во нас за победата против Будуќност, па сега сакаме да ја продолжиме победничката низа и да се приближиме чекор поблиску до Ф4 турнирот. Како и ние, така и Мец е желен за победа, но не знам дали се свесни каде играат на гости, токму против нас во СЦ „Јане Сандански” пред нашата публика која е неверојатна. Мец секако не е за потценување, првенствено ние треба да ја спречиме нивната игра во контранапад. Ние сме доволно спремни и верувам во моите соиграчки и се надевам дека ќе издвојуваме победа, изјави Ристовска