НЕ ЗНАЕТЕ ДА ГОТВИТЕ? Ова јадење е идеално за летни денови, а се подготвува за 20 минути

Вкусно и едноставно…
Состојки:
1 поголема главица кромид
1 кг. зелени пиперки 500 гр. домати
1 модар патлиџан
сол и бибер по вкус
1 лажиче мајцина душица
250 мл. павлака за готвење
1 чили пиперче
2 чешниња лук
Подготовка:
На загреан зејтин се пржи кромидот, додека не омекне, се додава сецканиот лук, се пржи додека не пушти мирис, се додаваат сецканите пиперки и ситно сецкано чили пиперчето.
Се заедно се пржат додека не омекнат, потоа се додава исецканиот домат и се заедно се крчкаат на средна температура околу 15-20 минути.
Пред крај се додава павлака, се вари уште 5 мнути, се додава мајчината душица, и варете минута-две, потоа послужете го ручекот.