Некоја жена, бидејќи не знаела да пишува, на сопругот му соопштила се она што сакала во писмо со цртежи. Жената е мајка на три деца, а нејзиниот сопруг работи во Германија.

Прочитајте го преводот на писмото:

„Љубов моја, моето срце е тажно бидејќи постојано мислам на тебе кој си далеку. Те прегрнувам, заедно со нашите три деца. Јас и постарите деца сме здрави, а најмалото е малку болно. Не одговори на претходното писмо кое ти го пратив, па тажна сум поради тоа. Твојата мајка е во болница, бев да ја посетам. Немој да се грижиш, не отидов со празни раце, ниту пак сама, за да не и дадам повод за оговарање. Нашиот среден син дојде со мене, додека најстариот го чуваше најмалиот.

Нашето мало поле го изорав и го посеав. За двајца работници дадов 150.000 лири. Се одржаа и централните градски избори, гласав за Христијанската демократска партија, како што парохијата предложи. За „Срп и Чекан” пролазот беше голем, пронајдени се како да се мртви. Но кој и да победи, исто е. За нас сиромашните ништо не се менува – вчера копавме и пак ќе копаме утре. Имаме маслинки оваа година. Работниците кои ги изнајмив, за собирање ме чинеа 27.000 лири. Потрошив 12.000 за цедилка.

Добив доволно масло да наполнам една голема и една мала тегла. Можам да ги продадам по 1.300 лири за литар. Моја далечна љубов, моето срце е со тебе. Сега, бидејќи Божик е блиску, сакам да бидам со тебе. Те прегрнувам јас и децата.

Збогум драг мој, моето срце е твое и верна сум ти, баш како и нашите два прстени”.