Пејачката Наташа Беквалац за време на гостување во една емисија открила дека цигари почнала да конзумира после сообраќајната несреќа на бившиот маж Данило Икодиновиќ.

“Почнав да пушам цигари после несреќата на Данило. Тоа започна наивно. Не знаев дека ќе се навлечам во пекол на пушачи“, рекла пејачката и додала:

“Ги има и оние кои доживеале уште полоши работи од мене. Луѓето губат блиски, а тука сите сме живи и здрави“, заклучила Беквалац.

Бившиот ватерполиста Данило Икодиновиќ имал тешка сообраќајна незгода пред повеќе од 12 години. А неговата тогашна сопруга Наташа Беквалац неодамна истакнала дека тој период во животот и бил најтежок.