Поразот на Арсенал од Динамо (З) во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони, се уште е тема број еден во сите англиски медиуми.

Додека сите ја критикуваат очајната игра и лошата тактика на францускиот менаџер, Арсен Венгер, крилниот напаѓач на “топчиите”, Тео Волкот изјави дека не е крај на светот и дека тоа е само еден меч.

Ова не е крај на светот, вакви работи се случуваат, не знам зошто се прави толкава драма околу сето тоа, па ниту еден клуб случајно не игра во ЛШ. Имавме лоши резултати и проблеми во претходните сезони. Сепак, секогаш сме се враќале посилни и секогаш успевавме да ги замолчиме критичарите. Така ќе биде и сега, изјави репрезентативецот на Англија.