Швајцарските власти не му издале издржавјанство на жител на таа земја со потекло од Косово, бидејќи во јавност носел тренерки.

Според швајцарскиот Блик граѓанскиот совет на Бубедорф го одбил барањето за државјанство поднесено од Хамди Халили, со необиочнио образложение дека „на граѓаните им пречи што Халили низ местото се шета со тренерка“.
Тоа се случило вио 2016 година.

Но, откако се жалел до Кантоналниот суд, кој пресудил дека одбивањето е недоволно докажано и ѝ наложи на општината повторно да го процесуира барањето, тој е одбиен по втор пат, пренесува Б92.