x

Не го пуштиле да игра, па одбил да тренира, сега е суспендиран

oar

Младата ѕвезда на Лион Хосем Оар е суспендиран од страна на клубот поради тоа што одбил да тренира. Оар бил изнервиран што не одиграл ниту една минута на мечот со Анже претходната недела, па потоа во знак на револт одбил да тренира.

А спортскиот директор Жунињо не попушти и го суспендира фудбалерот. Оар нема да биде во тимот на следниот натпревар со Ремс. Ова му е опомена, а ако продолжи да се однесува непристојно, ќе биде суспендиран на неопределено време.

Оар се оправда дека одбил да тренира поради очајната состојба на теренот и не сакал да ризикува повреда. Ова го изнервирало стручниот штаб на чело со тренерот Руди Гарсија затоа што сите други фудбалери ја исполниле задачата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата