x

Неџипи за СПОРТМЕДИА: Направивме “БОМБА“ трансфер, Агим е големо име!

ibraimi

Агим Ибраими и официјално е нов член на Кукс, на еден од најдобрите клубови во Албанија. А искусниот офанзивец да дојде токму во Кукс, една од причините беше и Ндерим Неџипи, спортскиот директор на клубот, некогашниот наш репрезентативец, фудбалер на Слога Ј, Вардар Работнички, Шкендија, имаше интернационална кариера, и во свое време важеше за еден од најголемите таленти во мак – фудбалот.

Токму за СПОРТМЕДИА, Неџипи кажува што значи трансферот на Агим Ибраими во Кукс, во неговиот клуб.

„Секако дека сум презадоволен, зарем треба да се трошат зборови за Агим Ибраими. Искрено да ви кажам направивме “БОМБА“ трансфер, голем трансфер во Албанија. Агим е големо, големо име, тој ќе биде наше големо засилување. Не се сомневам дека со него нашиот тим ќе биде поквалитетен. Сега нашите амбиции се зголемуваат, реков успеавме да завршиме голема работа. Агим Ибраими во Кукс, е тоа е “БОМБА“ трансфер“ ни изјави Неџипи.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата