x

Нејмар со прославата на голот го навлече гневот на навивачите (ФОТО)

ПСЖ стигна до нова победа во француското првенство синоќа против Нант (2:0) по погодоците на Мбапе и Нејмар во второто полувреме.

Но, начинот на кој Бразилецот го прослави голот го навлече гневот на навивачите на ПСЖ.

Тој застана пред фановите кои од претходно го исвиркуваа и им гестикулираше дека сега може да замолчат. Но, ваквиот однос на Нејмар само дополнително ги поттикна уште повеќе да го исвиркуваат.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата