Првиот ден од неформалниот самит на лидерите на ЕУ во Салцбург заврши без некој значаен чекор кога станува збор за можностите за договор меѓу Велика Британија и Унијата во врска со Брегзит.

„Во оваа фаза, уште сме на мртва точка. Не постои напредок“, рекла претседателката на Литванија, Далија Грибаускакате за „Ројтерс“ по синоќешната вечера, со која започна дводневниот неформален самит. Ова беше потврдено од страна на словачкиот премиер, Петер Пелегрини, кој рече дека по прашањето за границите нема напредок.

Британската премиерка Тереза ​​Меј синоќа директно ги повика лидерите на ЕУ да се воздржат од неприфатливи барања во врска со повлекувањето на земјата од блокот, кои, како што наведе, би можеле да доведат до распад на Велика Британија.

Таа ја повика Унијата соодветно да одговори на нејзината сериозна и изводлива агенда. Лидерите на ЕУ се учтиво ја слушаа, но потоа изјавија дека ќор-сокакот во врска со ирската граница се уште е тука.

извор: Makfax