Референдумот во Колумбијиа за седум антикорупциски мерки денеска пропадна, иако секоја од тие мерки доби поддршка од 99 отсто од гласачите.

Референдумот не успеа бидејќи не излегоа доволен број гласачи, а за резултатот да биде признаен потребно беше да гласаат 12,1 милиони граѓани, а само 11,6 милиони луѓе излегоа на гласање, што е помалку од една третина од вкупниот број гласачи.

Во Колумбија право на глас имаат 36,5 милиони луѓе.

На референдумот беа поставени и прашања за намалување на платите на пратениците, за ограничување на јавните мандати, за забрана за спроведување на казна куќен притвор за корупција.

Последните години во Колумбија корупцијата е една од жешките теми.