Зоранчо Маркоски, поранешен началник на УБК Прилеп, моментно нераспореден на работно место во МВР, испукал во 14:30 часот со службен пиштол во простории на ПС Прилеп, поточно во канцеларија на првиот човек на АНБ (поранешна УБК) во Прилеп, јавува Нетпрес.

Извори за Нетпрес велат дека Маркоски наводно бил незадовилен, бидејќи не добил префрлување од УБК во АНБ.

Според извори на Нетпрес, Маркоски е член на СДСМ и редовно присуствувал на сите активности кои партијата ги организирала во Прилеп. Куршумот завршил во вратата. Пукањето се случило во момент додека се раздолжувал со оружјето, а сето тоа се случило за кратко време откако министерот Оливер Спасовски си заминал од Прилеп.

Извор: Нетпрес