x

Нето: Одиме на три бода во Ѓорче!

neto-1-1

Шкупи по ремито на супер – дербито во Тетово кај Шкендија минатиот викенд ја загуби втората позиција на табелата. Сега пред чаирчани се ѓорчепетровци, тимот на Македонија ЃП. Тим кај кого денеска во 13 часот и гостуваат. Секако дека ова е дерби на 13.коло.

Што може да се очекува од овој натпревар свое мислење има Бианор Нето, некогашниот фудбалер токму на “лавовите“, кој важи за еден од најдобрите дефанзивци во ПМФЛ.

Повеќе од сигурно е дека нема да биде лесно. Од друга страна свесни за своите квалитети јас сум убеден дека ние одиме во Ѓорче по трите бода, тука нема дилеми. Ова е наша цел, ремито не го посакуваме ниту пак го очекуваме. Ќе бараме победа до псоледниот свиреж на судијата“ изјави Бразилецот во дресот на Шкупи.

Инаку тренерот Умит Каран за овој меч ќе може да смета на сите свои играчи, единствено не се знае до последен момент дали на голот ќе може да застане првиот голман Кристијан Наумовски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата