x

Нето го шокираше Челзи во 95. минута, „сините“ со втор пораз по ред (ВИДЕО)

podence-wolves

По поразот од Евертон во минатото коло, Челзи не успеа да се спаси од пораз ниту на денешното гостување кај Вулверхемптон. Иако први поведоа, лондончани на крајот го положија оружјето пред одличните „волци“ кои славеа со 2:1.

Со голот на Жиру, Челзи поведе во 49. минута. Следуваа минути на домашните кои во 66. минута со едно мало ремек дело на Поденс успеаја да израмнат на 1:1, а кога се чинеше дека двете екипи ќе ги поделат бодовите, стигна една брилијантна контра на домашните во 95. минута и фантастичната завршница на Педро Нето кој на крајот ја обезбеди шестата победа сезонава за својот тим.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата