x

Нето во последната секунда го израдува „Чаир“!

skupi-renova-9

ШКУПИ – РЕНОВА           4:3 (2:2)

Стадион: „Чаир“ во Скопје.

Стрелци: Дарбо 1’, Бериша 33’, Јусуфи 75’, Нето 95’ (Ш) – Б. Велија 5’, Шала 42’, Велиу 65’ (Р).

Ж. Картони: Абдула, Шала (Р).

Ц. Картон: Абдула 77’

Играч на натпреварот: Нето (Шкупи)

ШКУПИ: Наумовски, Бериша (63’ Јусуфи), Исени, Адеми (63’ Оумар), Родригез, Кривањева, Дарбо, Билали, Глигоров, Јонусзаде, Нето.

РЕНОВА: Велии, Шала, Гавазај, Гафури, Рамадани, Ебиби (46’ Шефити), Мишковски, Велија, Јашароски (63’ Стојчевски), Селмани (53’ Велиу), Абдула.

 

„Инфаркт“ натпревар на „Чаир“ со „хепиенд“ за Шкупи. Шкупи два пати водеше, па Ренова направи пресврти, и на крајот Шкупи со пресврт за конечни 4:3. Љубителите на фудбалот, кои беа на кровот позади голот надвор од стадионот, можеа да видат одличен натпревар со седум гола, едно исклучување, и еден убав гол од страна на Шала од Ренова кој упати „проектил“. Четири гола во првиот дел и неизвесност до самиот финиш. Навистина одличен меч.

Уште во 1. минута Дарбо донесе водство за Шкупи, но Велија веднаш врати, само четири минути подоцна. Бериша со глава по изведен корнер во 33. минута донесе повторно предност за домашниот тим. Највисоко скокна и заби.

Сепак, Шала со прекрасен, маестрален гол од 35 метри ја „скина“ пајажината од голот на Наумовски за израмнување 2:2.

Во вториот дел Ренова за прв пат дојде до водство. Велиу влезе и постигна гол, а израмни Јусуфи, кој исто така влезе од клупата за резерви.

Во последните 15 минути се стиши натпреварот, немаше шанси, се играше главно на средината на теренот, па така Шкупи и Ренова во одличен натпревар освоија по еден бод.

Сепак, Шкупи не се предаде и во последните секунди стигна до гол и до победа. Среќно, Нето се најде во вистинско време на вистинско место по изведениот корнер, и од 2-3 метри го „матираше“ Велија за конечни 4:3.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата