Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху (70) прогласи „голема победа“ во гласањето за лидер на партијата „Ликуд“.

Според податоците за партиските избори, тој победи убедливо и покрај фактот дека се соочува со обвиненија за корупција.

Откако избиралиштата се затворија, Нетанјаху прогласи победа на „Твитер“. Официјалните резултати се очекуваат во текот на денот.

„Со помош на Бога и вас, ќе го водам Ликуд до голема победа на претстојните изборите и ќе продолжам да ја водам државата Израел до невидено достигнување“, напиша Нетанјаху.

Кандидатот на опозицијата, Гидеон Сар, го призна поразот и рече дека ќе го поддржи Нетанјаху на генералните избори во март.

извор: Makfax