x

Несторовски стартер, Удинезе само со бод на дуелот со „фенерџијата“

udinese-crotone

По серијата од три последователни победи, екипата на Удинезе одигра само нерешено, 0:0 на денешниот воведен меч од 12. коло во Серија А против екипата на Кротоне. Иако доманите двапати погодуваа, двата гола им беа поништени, па на крајот многу позадоволни излегоа гостите кои дојдоа до шестиот бод сезонава со кој и натаму остануваат на дното на табелата.

Нашиот репрезентативец Иле Несторовски денеска, конечно, беше стартер за Удинезе, но одигра само 65. минути, пред да биде заменет од Делофеу. Несторовски со голот од минатиот меч си заслужи место во првиот тим, иако денеска остана без реализација.

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата