Нашиот репрезентативец Илија Несторовски, денеска само што доби шанса да заигра за Удинезе на гостувањето кај Торино, постигна гол и донесе голема победа за момците од Удине.
„Големо е задоволството, откако одигравме многу добро еден час и постигнавме два гола, а потоа примивме два глупави гола за две минути, но добро сторивме што поведовме веднаш и ја донесеме одличната победа на крајот. Лично, јас секогаш тренирам максимално и денес се надевав дека ќе имам шанса. Ја добив и го постигнав голот за победа, така што на следниот натпревар се надевам дека ќе добијам малку повеќе простор. Ова е силен тим, знаеме што сакаме на теренот, играме добро и се надеваме дека ќе можеме да продолжиме да им даваме причини за задоволство на нашите навивачи“, порача Несторгол.