Два погодока, по еден во двете мрежи, беа постигнати на првиот неделен натпревар од 2. коло во италијанската Серија А, дуелот помеѓу екипите на Интер и Палермо.

На старот од второто полувреме, гостинот дојде во водство со погодокот на Андреа Рисполи, а во 72 минута, во листата на стрелци се запиша и капитенот на “нероазурите”, Мауро Икарди.

Репрезентативецот на Македонија, Илија Несторовски го стартуваше дуелот на “Џузепе Меаца”, но беше заменет во 76 минута.